Помош за зимските денови: Електрична стругалка за мраз (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Зимата календарски одамна е пристигната, но студовите, снеговите и замрзнатите стакла се уште ги гледаме само на слика. Но, подобро е да се биде подготвен отколку да мислиме што и како кога ќе дојдат студовите. Со доаѓањето на студовите доаѓа и мразот на шофершајбните на автомобилите. Чистењето не е никако пријатна задача наутро, но веќе има и автоматизирано решение за проблемот.

Германската компанија, Kärсhеr нуди електрична стругалка, која ја олеснува процедурата и ги чува рацете од мокрење и мрзнење. ЕDI4 има ротирачки диск со шест пластмасови ножиња, кои ги чистат шофершајбните без да ги оштетат.

Заоблената основа на уредот, обезбедува стабилна поддршка за безбедно работење, а јон-литуумската батерија трае 15 минути. ЕDI4 тeжи 550 грaмa и ce исклучува автоматски ако биде подигнат од шофершајбната.

Електричната стругална може да се полни и во автомобилот. Ако ножињата се истрошат, можат да бидат заменети без притоа да има потреба од дополнителни инструменти.

Цената не е ниска и изнесува 49,99 евра, но Kärсhеr ЕDI4 веројатно ќе најде доволно купувачи, кои сакаат да си заштедат време, физички напор и да се зачуваат од мрзнење. Штета што ја нема кај нас, па ќе морате да ја нарачате…

Извор: 24ауто.мк