Понеделник е неработен ден за сите граѓани

|

Понеделник е неработен ден за сите граѓани во земјава

Денот на Републиката 2 Aвгуст (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираше денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани им го честитаат празникот.

Еве кои се и останатите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ: 02 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.