Попладнево значително дестабилизирање на атмосферата – се очекува НЕВРЕМЕ, детали и за следните денови

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на попладневните часови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите се очекува да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Доста нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи, како и локална појава на невреме ќе се задржи и утре како и на почетокот од следната недела.

Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, додека утре истите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, што значи дека и понатаму останува топлото време кај нас.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски ТУКА.