(ВИДЕО) Поплавите причинија големи штети во погодените подрачја во земјава

|

Невремето остави пустош зад себе. Уништи земјоделски посеви, поплави повеќе домови, корнеше дрвја и раскопа улици.

Општините пребројуваат штети. Во Берово невремето уништи повеќе објекти, за среќа најголемиот дел од нив се подрумски простории.

Се излеа Брегалница и ги пооплави нивите од десната страна на реката.

Комисија за проценка на штети ќе се формира утре.

Силно невреме го зафати и Куманово. Таму улците беа буквално претворени во реки. Се поплави и млекарницата во Смојмирово.

И Охрид се справува со поледиците од силното невреме со град. Градоначалникот Пецаков ги повика грашаните да пријавуваат штети до крајот на месецот.