Поради долг од 70 илјади евра исклучена струјата во албанскиот театар од Скопје

ИЗВОРТелма
|

Албанскиот театар од Скопје ја започна сезоната со голем проблем. Веќе 20- тина дена исклучена им е струјата поради долг од околу 70 илјади евра.

Поради тоа подготовките за новата претстава ” Три сестри” , се вршат додека во објектот има дневна светлина, а музика за кореграфскиот дел од претставата се пушта на батерии.

Директорот вели долгот кон ЕВН е направен оваа пролет кога театарот имал обемни активности.