Поради реконструкција затворена е улица во Скопје во следните три дена

ИЗВОРСкопје24
|

Поради изведување градежни работи, улицата „Лазо Трповски“ во Општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од денес до среда. Прекин на сообраќајот ќе има на потегот од кривината со улицата „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата „Бутел“, соопшти Град Скопје.

За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.