Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски повторно облече венчаница (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Модното студио „Црнокрак“ викендов во ресторанот „Бела вода“ во Велес, оргазнизираше „Bridal Fashion Show“.

Кристина Димитријевска, поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, по тој повод се појави на ревијата во венчаница.

По навидум три години идиличен брак со поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид и семеен живот подалеку од камерите, Кристина се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.

Најпрвин беше манекенка. Потоа стана фитнес инструкторка. Пред неколку месеци реши да се проба и како пејачка. За прв пат во јавноста, Кристина си ја отвори душата и пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ ги раскажа причините за разводот со Даниел.

Додаде дека и понатаму се пријатели и дека не се мразат. Во контакт се најмногу поради нивното дете.

А деновиве пак, на големо се шушкаше дека нашла нова љубов и има дечко. Колку вистина има во сето ова погледнете во продолжение: