Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа за првпат ја покажа новата девојка која е помлада од него 20 години (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Како што пишуваат медиумите турскиот пејач Мустафа Сандал (51) и поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, веќе подолго време е во врска со избраничката Мелис Сутсуруп. Тој набрзо по разводот со пејачката среќата ја пронашол токму во Мелис, но дури до сега својата љубов ја чуваа во тајност и не споделуваа заеднички фотографии.

Мустафа и Мелис беа видени заедно за прв пат во мај 2019 година, а турските медиуми пишуваа за снимките и фотографиите на кои пејачот и неговата нова девојка се држат за раце. Она што се знае за Мелис е дека таа е сопственик на моден бутик во Истанбул и е 20 години помлада од пејачот.

И таа зад себе има еден брак и син, додека Сандал од бракот со Емина Јаховиќ има двајца наследници – Јаман и Јавуз.

Досега, Мустафа не споделуваше моменти на социјалните мрежи со атрактивната русокоса која му го украде срцето, но сега очигледно дојде време љубовта да ја обелодени пред целиот свет преку заедничка фотографија.

– Мустафа и јас сме само пријатели, тој повеќе не е мојот сопруг, затоа не ми пречи со кого беше фотографиран – изјави Емина Јаховиќ во 2019 година, откако нејзиниот поранешен сопруг беше виден за прв пат со новата партнерка.

Да потсетиме, Емина и Мустафа го објавија разводот во февруари 2018 година, по 10 години брак.