Поранешниот тренер на Ѓоковиќ: Незамисливо е Ѓоковиќ да не игра на Австралија Опен

ИЗВОРСкопје24
|

Борис Бекер кој е поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ вели дека неможе да го замисли турнирот во Мелбурн без светкиот првак Новак Ѓоковиќ.

Тој додава дека многу добро го познава Новак и неговата желба да игра во Австралија, но ако сака тоа да го направи и да го брка 21. грен слем трофеј во кариерата ќе мора да се им*низира или да покаже дека веќе е имун*зиран.

– Не можам да замислам дека Новак нема да игра во Австралија. Тој толку многу го сака овој спорт, толку многу ја сака историјата на тенисот. Тој сака да го освои 21. грен слем. Имаше најмногу успех на Австралија опен, таму веќе триумфираше девет пати, зошто да не и десетти, додава Борис кој сепак порачува дека Ноле ќе мора да ги почувува правилата.