Портокаловата фаза и продолжениот викенд го испразнија Скопје

ИЗВОРТелма
|

Високите температура над 40 степени, но и продолжениот викенд во пресрет на празникот Илинден, го испразнија Скопје.

Ретки се граѓаните кои се движат пеш низ градот, а оние кои не го напуштија, разладување побараа на традиционалните излетнички места. Едно од нив е Матка.

“30 години сме во Скопје, за прв пат ја видовме пештерата . Фантастично , убаво беше. И овдека е топло, меѓутоа за разлика од градот тука сме во природа” –вели една граѓанка.

Турист од Турција (со титлуван превод)

“Многу убаво место, ми се допаѓа” – додава турист од Турција.

Но упатените велат нема многу гости, а причина е лошата патна инфраструктура и недоволната промоција на самиот кањон.

Марјан Минов кој повеќе од 5 години тука продава накит и сувенири, посочува и други причини за намалената посетеност.

“Треба да се поработи повеќе на екологијата, на чистотата, паркинзите, на јавните тоалети. Има многу работа” – вели Марјан Минов, продавач на рачно изработен накит.

Спрегата политичари- инвеститори предизвика бетонизација на Скопје, во кое зеленилото е жртвувано.Малкуте граѓани што ги сретнавме во испразнетиот Градски парк, освежување од високите температури наоѓаат во сенките на дрвјата и фонтаните.

Опасната портокалова фаза продолжува и следниве денови, а надлежните препорачуваат да не се излегува од дома, особено меѓу 11 и 17 часот.

Сотир Трајков