Посакувам нашата среќа никогаш да не заврши: Елена го покажа момчето

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската водителка на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска веќе не го крие приватниот живот и одлучи на сите да им покаже во кого е вљубена.

Водителката, по повод роденденот на нејзиното момче Бојан Најдоски, објави нивна заедничка фотографија, на која се гледа дека и двајцата се среќни и заљубени.

Среќен роденден на оваа специјална личност која ми носи толку многу задоволство на моето срце. Благодарна сум на секој момент кој го минуваме заедно и посакувам нашата среќа никогаш да не заврши – напиша водителката во опис на фотографијата.

Во едно неодамнешно интервју на прашањето каков би требало да биде тој што ќе ти го освои нејзиното срце таа одговори дека не е како во супермаркет за да наброја производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности.