Посебен сообраќаен режим, денес и утре: На овие улици не се вози

|

Поради верскиот празник Задушница денеска, 1 ноември, од 14.00 часот и на 2 ноември (сабота), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гр*биштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гр*биштата Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гр*биштата „Камник“ – по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Исто така, дел од улиците во Скопје ќе бидат блокирани поради протест.
Денес со почеток во 13 часот е најавен протестен марш, кој ќе започне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, право по улицата „Цветан Димов“, десно по булеварот „Гоце Делчев“, лево по улицата „Филип Втори“, десно по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.