Посебен сообраќаен режим: Утре центарот на Скопје блокиран поради протест

|

На 01.11.2019 (петок) со почеток во 13,00 часот е најавен протестен марш, кој ќе започне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, право по улицата „Цветан Димов“, десно по булеварот „Гоце Делчев“, лево по улицата „Филип Втори“, десно по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание наСеверна Македонија, соопштуваат од МВР.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

ЈСП со важна информација за утре и сабота

Во пресрет на верскиот празник Задушница, утре, петок (1.11.2019 година) и в сабота (2.11.2019 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Според ЈСП, од утре, 1 ноември, Жичницата ќе има зимско работно време, односно ќе работи од 10 до 17 часот. Последното возење од долу нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот. Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

Од ЈСП потсетуваат дека неработни денови на Жичницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Во соопштението ЈСП уште информира дека од утре, петок (1 ноември 2019 година) изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk. Оттаму уште потсетуваат дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.