После долгата пауза: Објавен распоредот за летови на аеродромите во Скопје и Охрид

ИЗВОРСкопје24
|

Од среда, 1 јули 2020 година стартуваат со работа двата аеродрома во Македонија, аеродромот во Скопје и аеродромот во Охрид.

Првите полетувања од Меѓународниот Аеродром Скопје, во среда, 1-ви јули, кога аеродромот се отвора повторно за патнички летови се за Бремен (6:00), Ларнака (6:15), Стокхолм (6:30) и Келн (6:45), а ќе ги реализира авиокомпанијата Виз Ер, информираат од ТАВ Македонија, концесионерот на аеродромите.

Оттаму соопштуваат дека првите слетувања на аеродромот Скопје задутре се во 08:50 часот од Истанбул (Туркиш ерлајнс) и во 9:20 исто така од Истанбул со „Пегасус“.

За останатите летови, концесионерот упатува на информации на веб страницата во делот заминувања: http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/departure-flights, како и во делот на Пристигнувања: http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/arrival-flights.

Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, како што рече Ерсој, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, потенцира Ерсој, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од ви*усите и бактериите.

-Затоа авионскиот транспорт ќе биде набезбеден јавен превоз, посочи Ерсој.

Министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески го посетија Скопскиот аеродром и имаше средба со менаџментот на ТАВ, потврди дека во среда, на 1 јули, двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се отвораат.

Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пак, минатата недела разговарал со надлежните во „Виз ер“. Рече дека согласно Договорот за финансика поддршка, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради болеста

– Протоколот на Меѓународниот аеродрoм – Скопје е според сите светски стандарди. Целосно се застапени основните заштитни мерки – дистанца, дезинфекциски средства и обврска за носење маски, а на влезот е поставена и термална камера. Скринингот ќе продолжи, ќе функицонира и собата за изолација, изјави Филипче по посетата на Аеродромот и средбата со менаџментот.