После Гоца Тржан и Марина Туцакович ја прокоментира кражбата на Романа

ИЗВОРСкопје24
|

По информациите дека српската пејачка заедно со своето момче ограбувала банкомати во Австралија, многумина од нејзините колеги се изненадени од оваа нејзина постапка, па накратко прокоментираа. Најпрво Гоца Тржан, а сега и познатата Марина Туцакович.

„Ау! Јас сум изненадена! Што направила?“, вели Марина и додава кога последен пат се слушнала со Паниќ.

„Зарем немала пари? Навистина сум непријатно изненадена од неа. Се немаме слушнато една година, но никогаш не би помислила дека може да направи такво нешто. Никогаш не се жалеше дека има финансиски проблеми, ниту пак ме контактираше“, вели Туцаковиќ.

Гоца тржан накратко пркоментира: „Ова со Романа не ми е смешно. Ок, смешно е. Па, кој ја тераше така да се упропасти? Да ограбува банкомати? Не постои такво паѓање на популарност кое ќе придонесе да си дозволам да крадам. Навистина ми е жал за таа жена“ напиша пејачката на Твитер.

Имено, Романа и Гоца пред неколку години беа во кавга пред медиумите. Преку медиумите често се караа, но успеаа да постигнат договор. Двете се појавија на една забава, а расположени разговараа пред камерите на „Премиера“.