После питата со месо и ајвар ќе заборавите на сите други – рецепт кој ќе ви служи цела зима

ИЗВОРСкопје24
|

Наместо традиционалната гибаница, корите наполнете ги со мелено месо и ајвар и изненадете ги домашните и пријателите со новиот вкус.

Потребно ви е: 500 грама кори за баклава, 1 главица кромид, 1 праз, 500 грама мешано мелено месо, малку вегета, малку бибер, мала тегла ајвар, 4 јајца, малку кисела вода, 2 чаши кисела павлака и малку сол.

Подготовка: Ситно исецканиот кродим пропржете го на малку масло. Додадете мелено месо, па сето тоа заедно исшржете го. Порпрженото месо измешајте го со ајварот. Редете две по две кори, секоја исрпскајте ја со масло и кисела вода, а во секоја втора ставајте од филот. Завиткајте ги корите о ролна, ставете ги на подмачкана тепсија, исечете ја на парчиња. Сетоа тоа прелијте го со павлака измешана со јајца и малку сол. Оставете да отстои еден час, па печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.

Доколку по питата ви текне да јадете нешто благо, како десерт ви предлагаме мек и сочен превкусен колач од лимон и јогурт. Еве како да го подготвите:

Состојки: 1/2 шолја брашно, прашок за пециво, прстофат сол, 1 јогурт, 1 шолја шеќер, 3 јајца, лимон, масло

Подготовка: Рерната загрејте ја на 180 степени целзјусови. Тавчето или калапот премачкајте го со маргарин. Измешајте го брашното, прашокот за пециво и малку сол во еден сад, а во друг јогуртот, јајца, шеќер и кора од лимон. Измешајте ги сувите и водените состојки додавјќи масло.

Ставете го во избраниот сад и печете околу 50 минути. Додека колачот е во рерна подгответе го сирупот со кој ќе го прелиете колачот. Во сад ставет шеќер и варете додека не се стопи. Додајте му сок од лимон. Кога ќе се испече колачот извадете го од рерна, оставете го малце да се излади и прелијте го со сирупот.

Добар апетит!