Последна шанса за одмор: Каде да заминете во септември?

ИЗВОРСкопје24
|

Летото се ближи кон крајот, а вам ви остануваат уште неколку слободни дена. Искористете ги убаво. Заминете на есенско патување во некој од градовите кои ви ги препорачува босанскиот блогер Роберт Дацешин, кој досега пoсетил околу 50 земји и 249 града.

„Пред четири години имав шанса да го потсетам Мароко, оваа неверојатна земја во која има толку занимливости што може да ги посетите: Маракеш, Фес, Казабланка, Есауира. Не се знае кое место е поубаво“, вели Дацешин за Klix.ba.

Тој истакнува дека за да го посетите Мароко, треба да извадите виза која се вади по лесна постапка. Ќе ги видите камилите, Сонцето што „не заоѓа“, шарените зачини, берберите, љубезните луѓе. Нема да ги пропуштите и бабите гатачки кои ќе ве бркаат за да ви ја прочитаат судбината од дланка и мајмуните кои живеат со луѓето.

Ирска е земја која треба да ја посетите барем еднаш во животот. Дацешин вели дека во зелената земја е најлесно да се оди со лет од Брисел. За посета на Ирска треба да извадите виза, а таа е бесплатна. Ирците се љубезни, толерантни, лежерни и комуникативни луѓе. Тие се топли и добродушни, па никогаш нема да ве одбијат доколку сакате да ги посетите локалните туристички места, шумите, езерата, реките. 80% од Ирска е покриена со зелена површина, така што секогаш сте во допир со природата.

„Кога ќе ме прашате која е мојата омилена земја во Европа, секогаш ќе одговорам- Португалија. Во тек на 2016 година поминав две недели во оваа земја која едноставно ме воодушеви во секој поглед. Топло ја препорачувам“, вели тој.

Најпосле, ја препорачува егзотичната дестинација Сицилија.

Истакнува дека покрај Наполи, најдобрата дестинација во цела Италија е Сицилија. Сицилијанците имаат мото а тоа е: „Јадете како да нема утре“. Нивниот кулинарски дух е посебен. Сицилијанците се комуникативен, темпераментен народ кој својот остров го сака со целото срце. Дацешин го воодушевиле шарените улици, локалните пазари и ноќниот живот.