Постојано ја гледаме на ТВ екраните: Вака изгледаше македонската водителка Бубе како невеста (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската водителка Бубе Јаневска е препознатливо ТВ лице, бидејќи секојдневно ја гледаме на ТВ екраните, но многу малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Иако ретко таа некогаш знае да објави и детали од приватноста, па така кај неа може да се најде и фотографија од венчавката. Бубе шест години е во брак.

Таа исто така пред неколку месеци на својот „Инстаграм“ откри дека долго време мачела маки да се ослободи од вишокот и пробувала разни диети, но на крајот се откажувала

Меѓутоа, таа започнала да работи со нутриционист и за еден месец успеала да ослаби 4 килограми и е решена да продолжи а да стигне до целта и посакуваниот резултат.

„Долго време мака мачам да симнам неколку вишок килограми. Со ваков или онаков начин на исхрана, да не речам диети, со малку спорт… минус 2 до 3кг и толку. Никако да стигнам до посакуваната тежина. Тоа ме демотивираше и се откажував. Кога не знаеш како, побарај помош од пријател, во исто време и професионалец. атоа решив да и’ се обратам на @nutricionist_emilija. Благодарение на неа, навидум невозможното, полека станува возможно. Под нејзин надзор, со нејзина програма, за само еден месец, 4 килограми помалку, но и многу сантиметри во обем исчезнати. Доволно за уште поголема мотивација за да се стигне до идеалната тежина. Со планот за исхрана што @nutricionist_emilija го прави само за мене, според моите потреби, мојата здравствена состојба, мојот метаболизам, се чувствувам многу подобро, поздраво и полна со енергија.

На фотографиите можеби нема да забележите драстична разлика 😉 Засега бројките покажуваат 😁 Ова е само почеток“, напиша во описот на фотографијата на која покажа дека ослабела.

Кога се сака, се’ се може!