Потег за секоја пофалба: Прилепско семејство донираше возило за потребите на болницата

ИЗВОРСкопје24
|

Во време на здравствена криза, граѓаните на Македонија ја видео состојбата во која се наоѓа здравството во нашата земја и на своја кожа почувствуваа како недостигот на средства и медицински кадар влијае врз здравјето и животот на секој еден од нас.

Пред неколку недели директорот на струмичката болница преку социјалните мрежи испрати апел за донации со цел да се купи ново амбулантно возило, но за среќа државата брзо изреагира и беше ветено дека тоа во најскоро време ќе биде обезбедено, без потреба од донации.

Сепак граѓаните самоиницијативно се собираат и се обидуваат да помогнат на здравствените институции онака како што секој од нив може. Така денес семејството Керпичоски од Прилеп даде огромен пример за сите граѓани кои се во можност да донираат онаму каде е најпотребно. Тие донираа возило за потребите на општата градска болница “Борка Талески” во Прилеп.

Сите знаеме колку е ташка состојбата со болеста, па веруваме дека секоја донација е добредојдена и ќе помогне многу. Ова е втора донација на Керпичоски за потребите на болницата, откако започна здравствената криза, откако претходно ова семејство донираше и 500 евра.

Секоја чест за семејството Керпичоски и се надеваме дека се повеќе граѓани ќе го следат нивниот пример. Да помогнеме кој колку може!