|
Против двајца тетовци ќе бидат поднесени кривични пријави бидејќи при претрес во нивните домови е пронајдена дрога.
„Вчера во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(31) од Тетово. При претрес извршен врз основа на издадена судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана. Во 22.30 претрес со судска наредба бил извршен и во домот на С.Б.(33) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана подготвени за продажба. Лицето не било во својот дом, но подоцна било лоцирано и повикано во полициска станица,“ информира МВР.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.