Повеќе делови од Чаир утре без струја

loading...

Дел од домаќинствата на улица „Алберт Станиќ“, „Војдан Чернодрински“ и „Рифат Бурџевиќ“ во скопската Општина Чаир ќе останат без електрична енергија. Рестрикциите ќе се случат утре (25.01.) во периодот од 14:30 часот до 15 часот.

Регионалниот центар за справување со кризи на Град Скопје информираат дека причина за прекинот со снабдевање со електрична енергија ќе биде поради изведување на технички зафат на електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија.