Повеќе делови од Скопје утре без струја

|

Од ЕВН Македонија АД  известуваат дека на ден 25.11.2021 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците Јоаким Крчовски, Алберт Станиќ и Прохор Пчински, дел од корисниците од Старата Чаршија, објектот на хотел Буши, како и дел од корисниците од ул. Самоилова. ( општина Центар )

– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Орце Николов бр.147, објектите на Агенцијата за Стамбен и Деловен Простор, ресторан ДМ, корисниците од ул. Орце Николов на потегот од ул. Рузвелтова до ул. Донбас лоцирани на страната на ресторан ДМ и Пуик, како и објектот на тобакото лоциран на крстосницата со улица Рузвелтова. ( општина Центар )