Повеќе делови од Скопје утре без струја

ИЗВОРСкопје24
|

Без електрична енергија утре од 9 до 10 часот ќе останат корисниците од броевите 1, 3, 7, 9, 13 и 16 на улицата „Михаил Чаков“, броевите 2, 7 и 11 на улицата „Петар Дељан“ и Основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 12 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Глумово, кај џамијата, Општина Сарај. Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев“ и дел од корисниците од улицата „Венијамин Мачуковски“ од бр. 1 до бр. 10 во Општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 14 часот утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од подулиците 1, 9 и 17 од улицата „Козле“, црквата „Св. Пантелејмон“ и патот за село Крушопек, во Општините Карпош и Ѓорче Петров. Без струја утре од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од Станицата за технички преглед на возила на улицата „Лепенец“ бр. 10 во Општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот на Град Скопје.