Повеќе скопски населби без струја и вода на почетокот од следната недела

|

ЕВН известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

На ден 06.09.2021 година (понеделник): -од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Њуделхиска, Дрезденска и Бахар Моис. (Општина Карпош)

На ден 07.09.2021 година (вторник): -од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Кичевска и дел од ул. Манчу Матак. (Општина Ѓорче Петров)

-од 09:20 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Девол и дел од ул. Жданец. (Општина Карпош)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:

На ден 06.09.2021 година (понеделник): Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм,  на ул. Џумајска бр. 2, .од 09:00 часот до завршување со активностите,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  дел  од истата улица  и тоа парните броеви од бр. 2  до бр. 30. (Општина Карпош).