Повеќе од 100.000 евра пронајдени во реката Дунав!

ИЗВОРскопје24
|

Виенската полиција пронашла во реката Дунав пари во вредност повеќе од 100.000 евра, кои од водата во текот на викендов ги извадиле пожарникарите, соопшти денеска полицијата.

Не е познато како парите стигнале во Дунав ниту тоа кој е нивниот сопственик, се наведува во полициското соопштение, а пренесе агенцијата „АП“.

Потпаролот на полицијата Роман Хаслингер изјавил дека во последно време не е пријавен ниту еден грабеж ниту некој друг злостронички чин кој влкучува толку голем износ на пари.

Хаслингер изјавил дека ако сопственикот на парите не биде пронајден, парите ќе му припаднат на пронаоѓачот, односно на човекот кој во саботата ги пронашол парите во Дунав и скокнал во водата за да ги извади.

Инаку реката Дунав е втора најдолга река во Европа по Волга.

Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, кадешто две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донавешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.

Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград.

При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.