Повремен дожд и максимални 22 степена, голем пресврт за викендот

ИЗВОРСкопје24
|

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе прастанат. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ваква е прогнозата за денеска на УХМР.

Утринските температури се движат од седум до 14 степени, а максималната дневна темература од 22 степена се очекува да биде измерена во Гевгелија. Во Штип – 21, во Скопје и во Охрид – 17, во Битола – 16…

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и максимална температура од 22 степена, в недела се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и повремен дожд и со максимална температура од 21 степен, колку што трба да бидат измерени и в понеделник, кога се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а во утринските часови во котлините е можна појава на магла.