Пожарот на Скопска Црна Гора се уште активен

ИЗВОРСкопје24
|

Пожарот кој вчера избувна над скопското село Страчинци на Скопска Црна Гора и натаму е активен, информираат од Протипожарната бригада на Град Скопје.

Според податоците кои беа соопштени вчера, на падините на планината гори нискостеблеста шума, а огнот брзо се ширеше кон кумановското село Мојанци.

Поради непристапниот терен, покрај возила и пожарникари, огнот го гаснат и авиони – канадери, но силниот ветер ја отежнува акцијата.

Според податоците, огнот вчера имал зафатено површина од 3 до 4 километри.