Пожарот на Скопска Црна Гора сликан од Водно, огнот забрзано се шири (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Три противпожарни возила со девет пожарникари се упатени во близина на скопското село Виниче за да го гасат шумскиот пожар на Скопска Црна Гора, потврди за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

На Твитер беше објавена фотографија од пожарот направена од Водно.

Пожарот е на непристапен терен и доколку пожарникарите не бидат во состојба да го стават под контрола, како што рече Симоновски, на помош ќе биде повикана Армијата.

Во редакцијата на Либертас се јавија жители на Брњарци кои велат дека огнот се шири кон Страчинци и кон Арачиново

Вчера пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје гаснеа шумски пожар во близина на скопското село Страчинци каде што гореше нискостеблеста шума, а огнот брзо се ширеше кон кумановското село Мојанци.

Поради непристапниот терен, покрај возила и пожарникари, огнот го гаснеа и авиони – канадери, но силниот ветер ја отежнува акцијата.

Според податоците, огнот вчера имал зафатено површина од 3 до 4 километри.