Пожар во зграда во Кисела Вода, жителите излезени на улица (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Две противпожарни возила пристигнаа во населбата Расадник во Кисела Вода, по дојава за пожар кој најверојатно настанал во влезот во зграда на улицата „Христо Татарчев“.

Жителите на зградата во паника излегоа на улица, чекајќи пожарот да биде изгаснат.

Се уште не се знае која е причината за пожарот, ниту дали огнот зафатил некој од становите. Мирисот на изгорено се чувствува оддалеку, а во моментов противпожарните екипи се влезени во зградата за да проверат од каде точно настанал.