Познат идентитетот на возачот кој прегази дете во Ѓорче Петров, целосно изгоре пицерија во Скопје, полицијата на нозе, исчезна малолетничка…

loading...

На 15.04.2018 година околу 18.30 часот на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (46) од Скопје удрило во 10-годишно момче.

По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.04.2018 година околу 04.00 часот во Единицата за информации Скопје, од страна на случаен минувач било пријавено дека во трговскиот центар „Чаирчанка“  на ул. „Цветан Димов“ избувнал пожар во пицерија.

На местото на настанот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

На 15.04.2018 година во 10.30 часот во Полициската станица Драчево, Н.А. (38) од Скопје пријавила дека на 14.04.2018 година околу 20.30 часот нејзината 13-годишна ќерка се оддалечила во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 15.04.2018 година во 15.45 часот ул. „Брсјачка Буна“ во Скопје, додека Е.А. (45) седел на терасата со неговата сопруга З.А. (42), помеѓу нив паднало зрно од огнено оружје, кое ја оштетило настрешницата од лесонитни табли. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.04.2018 година во 14.00 часот во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, царински службеник на граничниот премин пријавил дека при контрола во вагон од товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија, пронашол четири мигранти од Авганистан и еден од Иран. Со лицата бил извршен разговор, по што биле пренесени и предадени во транзитен камп Табановце за понатамошна постапка.

Во текот на изминатиот викенд (13,14 и 15.04.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со смртни последици, две со тешки телесни повреди, 11 со лесни телесни повреди и девет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице (мотоциклист) го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи од кои: четворица – поради тоа што возеле под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а десетмина затоа што биле возачи почетници. Исто така санкционирани се и 41 возач бидејќи управувале нерегистрирани возила, 18 – поради поминување на крстосница на црвено светло, потоа двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шестмина возачи се санкционирани за неправилно престројување и 18 возачи на мотор, мопед и моторцикл поради некористење на заштитен шлем. Покрај ова, санкционирани се и двајца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а четворица пешаци – затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот викенд издадени се 297 мандатни платни налози, додека 129 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.