Познат идентитетот на прегазеното дете – Полицијата си замина од местото каде беше удрено, немала услови за работа поради демонстрантите

Увидната полиција си замина од улицата „Борис Серафов“ каде вечерва 10-годишно дете беше прегазено во сообраќајна несреќа, објави Макфакс.

Полицијата образложи дека нема услови за работа поради граѓаните кои демонстративно се собраа, бидејќи не е прв пат на оваа улица да се случуваат вакви несреќи.

Полицијата по увидот на местото, се упати кон Ургентниот центар каде е сместено момчето. Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крварење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П., дознава „Макфакс“.

Претходно, полицијата обележуваше погрешна страна. Тие го означија правецот во кој би требало да движи возилото, меѓутоа, автомобилот се движел во спротивната насока кога удрил во детето, со цел да ги избегне дупките на патот.

Сообраќајната несреќа се случила кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар, потврди МВР.

„Макфакс“ дознава дека во автомобилот имало маж и жена, кои, според раскажуавањата на очевидците, го однеле детето во болница по несреќата.

Полицијата по увидот на местото, се упати кон Ургентниот центар каде е сместено момчето.