Познато е кога ќе се отвори новиот трговски центар Ист гејт

|

Скопјани со нетрпение го очекуваат отворањето на новиот трговски центар „Скопје Ист гејт мол“ а според последните информации вратите за првите посетители ќе се отворат на 29ти овој месец.

Градежните работи привршуваат, а како што најавува главниот извршен директор на трговскиот ценмтар, Игор Давков, до свеченото пуштање во употреба на 29 октомври останува закупците да ги завршат активностите во нивните локали.

Се очекува во „Скопје ист гејт“ да бидат вработени околу 2.500 луѓе, а годишниот приход да изнесува околу 120 милиони евра.

Трговскиот центар е со нето површина за изнајмување од 58.000 квадратни метри. Меѓу другото, во него ќе се сместат 40 нови брендови и најголемата “Зара“ во регионот.

Извор: Вечер