Познато е колку Цеца ќе заработи од учеството во „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк дивата Цеца Ражњатовиќ е новиот член во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Она што веќе се знае е дека таа ќе биде најплатениот член во жирито, но сега веќе има и информации колку хонорар ќе добие таа за учество во целата сезона.

Како што пишува курир.рс Цеца ќе добие хонорар од 200 000 евра за учеството во целата сезона и со тоа таа ќе биде најплатена.

Според пишувањата, Драган Стојковиќ Босанац добива 2000 евра по емисија, Ѓорѓе Давид 3000 евра, Вики и Ана Бекута по 2500 евра, Марија Шерифовиќ – 4500, додека пак Јелена Карлеуша од секоја емисија заработувала по 6000 евра.

Бидејќи една сезона има 40 емисии, Босанац заработува 80 000 евра, Ана и Вики по 100 000, Ѓорѓе Давид 120 000 евра, Шерифовиќ 180 000 евра, а Карлеуша 240 000 евра во сезона.

Цеца изјави дека нејзиниот хонорар е регулиран со договор по закон.

„Се е прецизно, многу детално, а секако дека данот ќе биде платен, како и за сите професионални ангажмани“, изјави Цеца.