Ќерката на познатиот брачен пар Сара Мејс и Димитар Атанасовски, малата Илина пред извесно време на непријатен начин ги изненади нејзините родители. Веселото девојче тогаш низ игра, со радост им се потпиша на автомобилот (го изгреба автомобилот).
„Со радост и потскокнување го славиме секое уметничко дело“ – напиша тогаш Сара Мејс кога ја фатија на дело откако камерата ја улови нивната наследничка во моментот на креација и инспирација
Сара и Димитар беа во голема неизвесност што да и направат и како да ја „санкционираат“ за нејзината „уметност“.
А, Сара Мејст тогаш напиша: „Не ми се верува …ццц – што да и направам на демонката сега? Леле, леле… Боже дај ми смирение дури се врати од градинка“ – напиша таа.
Но, за сѐ има решение, важно е само како ќе се справиме и на кој начин ќе одговориме на предизвиците кои ни ги приредуваат најмилите, за натаму во животот да им покажеме што може, а што не, што е дозволено, а што строго забрането да се прави.
Секако, мама Сара и тато Димитар останале смирени и одлучиле да го решат проблемот на мудар начин. Па така, овој пат таа се потсети на настанот и покажа како постапиле: „Еден убав ден, пред некое време, се случи ова…
„Така она денсаше, ние не…Но, после кратко време се случи и ова“.
Нивното решение било едноставно, одлучиле само да го однесат возилото кај професионалци и да ја „средат“ работата, а Сара во постот на Инстаграм ги наведе пријателите кои им помогнале да ја завршат и да и стават крај на непријатната ситуација која ги снајде.
„И тоа го направија … како што може да се забележи … колата гланц нова“ – додаде таа во објавата.
„Ништо од уметноста камче на кола“ – ја заврши голготата познатиот брачниот пар кој успеа да биде смирен и да донесе разумно решение за предизвикот од нивната ведра и енергична ќеркичка, која веројатно ја научи лекцијата: „Деца, не правето го ова… Ниту дома, ниту никаде на друго место“!