Предупредување: Ако видите паричка заглавена на бравата од вашиот автомобил, реагирајте веднаш

ИЗВОРСкопје24
|

Еве нешто на кое секако треба да обратите внимание. Монета заглавена во бравата на вашиот автомобил. Верувале или не, овој сосема едноставен трик на крадците им овозможува да го украдат вашиот автомобил.

Звучи неверојатно што покрај толкава технологија, проблем може да направи нешто толку обично како монета.

Имено, паричката се поставува на вратата од страната на совозачот, така што ќе ја онеспособи централната брава и вашиот автомобил ќе го остави отклучен и лесен плен за крадците.

Доколку некогаш видите паричка заглавена на бравата на вашиот автомобил, знајте дека се работи за обид за кражба на вашиот автомобил или она што се наоѓа во него.

Сакал да извади пари, па открил измама: Еве како можат да ве ограбат на банкомат

Американски турист во Виена открил обид за кражба на кредитни картички.

Бен Тедеско забележал чуден изглед на банкомат на еден виенски плоштад. Сомнителен му бил влезот за картичките, бидејќи на неговиот раб се наоѓала маса која асоцира на лепило.

Проверувајќи дали се работи за измама, Тедеско успешно го отстранил лажниот влез за картичките, на кој се наоѓал уред за преземање на податоци од картичките.

Покрај тоа, утврдено било и дека на банкоматот се наоѓа скриена камера вперена во тастатурата, со цел откривање на пин кодовите.

По откритието, Тедеско ја известил австриската полиција, која го истражува случајот.