ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА МОЖНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН

loading...

Во текот на попладневиве часови како и во вечерните часови најголем дел од државава вклучувајќи ја и Скопската котлина ќе бидат под влијание на циклонот СИЛВИЈА кој ќе услови значително дестабилизирање на атмосферата.

Појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град ќе има и во Скопско.

Нестабилноста се движи во правец: југозапад, север. североисток и исток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата.

Исто така во текот на електричните презнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.