Прегазената жена на Рузвелтова во стабилна состојба,засега сеуште нема мерка притвор за возачот

|

Судбината на несовесниот возачот кој ја прегази и побегна засега не е позната, единствено се знае дека се прибираат докази за настанот и дека тој не е во моментов во притовор.

Скопјанката која заврши со тешки телесни повреди во откако беше прегазена откако синоќа околу 21 часот беше прегазена на „Рузвелтова“, за среќа е во стабилна состојба и пуштена на домашно лекување – велат од Јавното обвинителство за Канал 5 Телевизија. Судбината на несовесниот возачот кој ја прегази и побегна засега не е позната, единствено се знае дека се прибираат докази за настанот и дека тој не е во моментов во притовор.

Ова е крстосницата каде што 34 годишникот ја прегазил 51 годишната жена, веднаш по судирот, го напуштил тој го напуштил местото без да и укаже помош, но набргу бил фатен од полицијата.

По пронаоѓањето, 34 годишникот бил приведен во полициската станица во Карпош за понатамошна постапка, а увид на местото е извршено од страна на СВР Скопје. Несовесното возење не е новина по скопските улици, па од МВР апелираат возачите да бидат одговорни и внимателни, особено кон пешаците и да не ги загрозуваат животите на сограѓаните.

Пред само пет дена имаше слична ситуација во Радовиш, каде 20 годишник прегазил дете, нанесувајќи му тешки повреди и веднаш побегнал од самото место, но и тој, како и скопјанецот од синоќа, набргу завршил во полициска станица.


Поврзани објави