ПРЕКРАСНА: Македонската водителка го истакна деколтето на плажа во Хрватска (ГАЛЕРИЈА)

loading...

Македонската водителка Елена Стефановска ова лето со врелите фотки од летниот одмор во Хрватска ја вжешти атмосферата.

https://www.instagram.com/p/BmY30JRBitg/?taken-by=elena_zivotsostil

https://www.instagram.com/p/BmRAUcCBGJo/?taken-by=elena_zivotsostil

Убавата Елена Стефановска минатата година на својствен начин на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук ја најави седмата сезона на една од најуспешните емисии во Македонија, Живот со стил. Елена на сликата на која ја најавува емисијата, буквално блеска во црно бикини на плажите на Калифорнија, па останува да видиме дали тоа ќе биде случајот и годинава.

Оваа девојка веќе 15 години успева како водител на македонската сцена, а Живот со стил е нејзин бисер во досегашната кариера. Шоуто е познато и во балкански рамки и секогаш има атрактивни гости, кои на специфични локации споделуваат екслузивни информации со јавноста. Новата сезона се очекува да започне да се емитува од октомври, но оваа вредна девојка не остава ништо на случајот и веќе е презафатена со ангажмани околу емисијата. Сигурни сме дека и во оваа сезона во емисјата ќе гостуваат многу атрактивни гости со кои ќе ги поминуваме најинтересните минути во неделата.

Елена инаку, важи за пријатен домаќин и одличен соговорник а нејзините емисии се вистинска релаксација како за гостите кои и гостуваат така и за нас гледачите. Сите кои не го пратевте редовно нејзиното шоу изминатите шест сезони ви препорачуваме да ја гледате новата сезона и да уживате во интересните информации и забавната атмосвера во емисија која секогаш ќе ви изгледа како да трае само 5 минути.