Прекрасните ,,ангели” заминуваат во историјата: Откажана популарната годишна ревија на ,,Викторија Сикрет”

ИЗВОРСкопје24
|

Годишната ревија на модната куќа “Викторија Сикрет” која според традицијата требаше да се организира претходно овој месец, е официјално откажана.

Компанијата што ја произведува оваа долна облека објави дека годинава нема да се одржи модна ревија, а одлуката е донесена затоа што компанијата сака да изнајде нов начин на комуникација со купувачите. Компанијата веќе извесно време се труди да се снаоѓа во сегашните услови кога физичката разновидност е инклузивност им се се поважни на потрошувачите.

Брендот стекна популарност на сосема поинакви темели – нивните манекенки секогаш беа само најзгодните жени во модната индустрија со тела без никаква маана. Сега сфатија дека тоа треба да се промени, а почнаа да ангажираат и плус-сајз модели.

Одлуката која разочара милиони фанови ширум светот ѝ претходи на контроверзната минатогодишна одлука на поранешниот директор за маркетинг на “Викторија Сикрет”, Ед Разек, кој нагласи дека куќата никогаш нема да има покрупни модели на своите ревии.

точка.мк