Прекршување на изолацијата: 24 кривични од 15 март до денеска

ИЗВОРСкопје24
|

Поради непочитување на здравствените мерки и прописи, од сите Сектори за внатрешни работи во земјава од 15 март до денеска се поднесени 24 кривични пријави, за вкупно 29 лица, информираат од МВР.

Од нив, 28 лица се пријавени по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи“, а едно лице е пријавено по членот 205.

Од МВР информираат дека последниве неколку дена не се затекнати на своите адреси граѓани од Кочани, Струмица, Валандово и Кавадарци. Полицијата по извршените проверки утврдила дека тие го напуштиле својот дом каде што биле во самоизолација, иако при враќање од земја определена како средноризична, своерачно пополниле и потпишале изјава за самоизолација во траење од 14 денови. Од МВР информираат дека последниве неколку дена не се затекнати на своите адреси граѓани од Кочани, Струмица, Валандово и Кавадарци.

Од СВР Струмица информираа дека поднеле кривична пријава против Ѓ.Р.(23) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување за*азна бо*ест“. На 3 март лицето излегло од својот дом на ул.„Ванчо Прќе“, непочитувајќи ги прописите и наредбите дадени од страна на Министерсто за здравство, со што го зголемил ризикот за евентуално пренесување на бол*ста.

Голем број граѓани кои пристигнаа од кризните подрачја во Европа превентивно се ставени во 14-дневна изолација која повремено ја контролираат полициски екипи.