Преполн автобус на ЈСП: Дистанцата од 2 метри ја снема (ФОТО)

|

Поради зголемениот број на новозаболени во државава минатата недела беше воведен полициски час од 22 часот до 5 часот наутро и повторно беше намален бројот на патници кои би можеле да се возат во еден автобус од 75 проценти на 50, но сепак сликата во реалноста е многу поразлична.

Имено на социјалните мрежи можат да се видат фотографии од преполн автобус во кој немам место за дистанца, па луѓето буквално си дишат во врат. Иако на фотографијата поголем број на патници носат маска, сепак граѓаните велат дека често треба самите да им нагласуваат на патниците истата да ја стават кога ќе седнат до нив. Дистанцата од метар и половина, во автобусите не важи за никого, а поголем број од патниците стојат и во турканици ја чекаат својата постојка. Ваква е фотографијата објавена на социјалните мрежи во која се вели дека мерката ограничен број на патници во јавен превоз предизвикува нов кластер.

Имено фотографијата е направена вчера во автобус бр. 24 во Скопје.

„Ова е автобус бр. 24 во Скопје вчера! Дистанца – слабо! Но не се луѓето виновни кога немаат избор, нема почест возен ред за да се распределат, а нема ни понуда на друг превоз како алтернатива! Замислете Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë да поддржи обележување на брзи велосипедски ленти спроведени во мрежа од 200-500 метри на секоја улица каде што има услови, за велосипедските врски да бидат достапни на разумно растојание до сечиј дом и работно место“ стои во објавата.

„Ова може да де реши единствено со купување на голема флота на автобуси, кој ќе може да вртат на кратки интервали. Неможе со 30-тина нови автобуси, туку да се дуплира флотата!“ гласи еден од коментарите.

Објавата можете да ја погледнете со клик ТУКА.