Преполна продавница, големи попусти и многу задоволни купувачи

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот бренд „Obuca Metro“ на 30 септември конечно ги отвори вратите за своите купувачи, нудејќи огромен избор на квалитетни женски, машки и детски обувки, чанти, куфери за патување и аксесоари, и тоа по намалени цени од дури 20 проценти.

Одличната локација, на улица „Никола Вапцаров“, веднаш до плоштадот „Македонија“, и огромната понуда на модели привлекоа навистина голем број граѓани уште на првиот ден од отворањето. Сите оние што вчера го посетија салонот на „Obuca Metro“ и си купија дел од асортиманот, покрај попустот од 20% на целата колекција, кој ќе трае цела седмица – до 7 октомври, на подарок добија и ваучери со сметка направена над 2.000 денари.

Дел од атмосферата на денот на големото отворање можете да ја видите од фотографиите во продолжение:

Доколку сѐ уште не успеавте да отидете, побрзајте и направете го тоа уште денес бидејќи моделите се распродаваат со неверојатна брзина. Уверете се во квалитетот што го нуди „Obuca Metro“ и бидете сигурни дека нема да зажалите.