Преслатко девојче со кратка коса: Ќе погодите ли која позната личност е на фотографијата?

ИЗВОРСкопје24
|

Албумите со стари фотографиии ни будат стари сеќавања, споемни, не потсетуваат на некои убави моменти и периоди во животот на кои можеби сме подзаборавиле, но секогаш ни будат емоции. Безгрижно детство, насмевки и игри до бескрај.

На такава сеќавања знаат да се навратат и нашите познати личности и да покажат како изгледале кога биле деца далеку од камерите и јавниот живот кој го имаат сега.

Водителката Милена Антовска имаме прилика секој ден да ја гледам на телевизиските екрани во Утринската програма на Канал 5 телевизија. Таа со години е веќе пред телевизиските екрани и веројатно природно и изгледа сето тоа. Последно можевме да ја видиме и во едно малку поинакво издание, како лото девојка и одлично се снајде и во таа улога.

Освен тоа, Антовска е активна на социјалните мрежи каде што често постира објави од студио, од зад камерите на емисијата, или пак некој приватен момент.

Меѓутоа, овој пат, Антовска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од архива и покажа како изгледала пред неколку години.

Имено, на фотографијата таа има кратка коса, на себе има жолто фустанче во комбинација со сандали.

„Сакав да ги носам овие сандали и сакав да ги носам без оглед на тоа што ми облекла мајка ми. Не постоеа други за мене“, напиша Антовска во „Инстаграм стори“.

Веруваме, дека со оваа фотографија и се вратиле убави спомени од детството.

Извор: Вистина.мк