Пресметајте колку данок ќе треба да платите за увоз на возило

ИЗВОРскопје24
|

Увозниците на половни возила имаат повеќе забелешки на новиот Закон за моторни возила што стапи на сила од 1 јануари годинава. Тие велат дека новата законска регулатива ги поскапува поевтините возила, кои најчесто ги купува просечниот македонски граѓанин, а луксузните автомобили ги поевтинува. Токму затоа тие реагираа до надлежните служби на Царинската управа.

Увозниците најмногу реагираат дека при пресметката на новиот данок за моторни возила нивните давачки значително се зголемуваат, возилата поскапуваат заради што се загрозува и нивното рентабилно работење.

Царинската управа појаснува дека граѓаните  можат сами да ги пресметаат давачките ако го користат калкулаторот кој е објавен на нивната веб-страница. Тоа може да го пресметате на следниот линк . Со калкулаторот може да се пресмета колкав данок ќе треба да платите за купување на половно или ново моторно возило.

-За да се разјаснат одредбите на законот ќе организираме директно презентирање на законските одредби пред увозниците по региони и да се расчистат дилемите со кои се соочуваат во моментот увозниците, велат од Царината.

Од Царинската управа велат дека се подготвени да остварат дополнителна средба со сите засегнати страни со овој закон.