Претепано девојче во автобус во скопски Центар, фрлени молотови коктели во фирма во Карпош, оштетени машини и комбе

|

На 10.04.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје, Г.Г.(43) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во автобус на подрачјето на Центар, неговата ќерка била физички нападната од едно лице од с. Зелениково, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

На 11.04.2023 околу 04.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на бул.„8 Септември”, сопственост на К.Ф.(48) од Скопје биле фрлени тврди предмети и шишиња со запалива течност.

Според пријавеното, пожар не бил предизвикан, туку биле оштетени работна машина и комбе „фиат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата.

overlay-cleverCloseClose
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.