Претставата „Кој го освои срцето на Сара“ пред учениците од Гази Баба

ИЗВОРСкопје24
|

Претставата „Кој го освои срцето на Сара“, која е креација на проектот „Градиме заедничка иднина“, во текот на оваа недела, се игра пред учениците од основните училишта во Домот на култура „Димитар Влахов”.

– Овој проект е на Општина Гази Баба и сите 11 основни училишта, кој ги обединува сите деца, родители и наставници, проект кој е пример како едно мултикултурно општество функционира одлично и каде преку игра и песна се учи за различностите во едно општество – соопштија од Општината.

Градоначалникот Борис Георгиевски вели дека е среќен што овој проект дава резултати, а претставата е прифатена од учениците кои уживаат во нејзините изведби.