Фудбалерот Огнен Врањеш стана посебно актуелен со аферата која ја имаше со пејачката Јелена Карлеуша.
Имено, по многубројните препукувања на социјалните мрежи конечно се стиши ситуацијата, а сега фудбалерот може да се пофали со нова љубов, односно Врањеш има нова девојка.
Тоа е хрватската инфлуенсерка Ивана Јелочник. Тие се многу заљубени а таа веќе го посетила во Белгија каде што настапува.
Огнен се надева дека сега кога конечно се смири во приватниот живот би можел да се врати во репрезентацијата на Босна и Херцеговина.