Преварантот од Академија Пандев е топ тема

ИЗВОРСкопје24
|

Тоа дека ќе не има во регионот се знаеше, него јакото е што за “професионализмот“ во македонскиот фудбал се зборува и пошироко, плус јасно им е и дека се работи за клубот на Горан Пандев. Срамотилаци.

Потегот на Стефан Костов од Академија Пандев кој внесе втора топка за да им спречи контра на Македонија Ѓорче Петров е хит број 1 денеска и како што се очекуваше тоа нема да помине незабележано во пошироки рамки.

Се најде и на еден од најславните Твитер профили за фудбал кои едвај чекаат некоја ваква случка како оваа во Ѓорче, а таму го спомнаа и газдата на клубот.

Нема фудбалски навивач во светот кој не знае за популарната страна Редит, така што таму Академија Пандев е во елитно друштво со Јунајтед, Порто, Арсенал…

Овој е јак, бидејќи им ги отвора очите на сите кои не заебележаа дека играчот на Македонија Ѓорче Петров уствари не се буни, туку продолжува и оди накај гол и тоа со топката со која го гаѓаше Стефан. Врв.

Го објавил и некој странец на Јутјуб канал насловен како ZLATAN THE GOD, а доле коментирал наш човек со доста конкретен предлог.

Индекс напиша и предупредување.

Србите објавуваа на големо

Ова е краљот, кој инаку има 23 години и во Академија Пандев дојде од Ренова во 2018-та.

Неповторливиот потег кој не поминува ни во школо на голем одмор.