Израдувајте ги домашните со јадење за кое нема грешка. Пицата и кифлите се омилено јадење, а спојот на овие два вкуса ќе ве разбуди. Меки и полни со фил, ќе им се допадне на сите што ќе пробаат.
Состојки – За тесто: 250мл млеко, Лажица шеќер, 30гр квасец, 500гр брашно, 150мл масло, 1 јајце и Сол.
За полнењето: 100гр шунка, 150гр кашкавал, Оригано, 100гр пире од домати. За облогата: 1 јајце и Сусам.
Подготовка: Во загреано млеко додадете шеќер, квасец, па се добро измешајте и оставете да отстои. На страна во брашното додадете ги солот, јајцето, и на крајот квасецот. Се добро замесете додека не го добиете посакуваното тесто. Оставете тестото да нарасне околу еден час.
Потоа повторно замесете, па поделете на два дела. Со сукало расукајте ги парчињата во облик на круг, кои ќе ги поделите на 12 еднакви триаголници. Секој од триаголниците премачкајте ги со пире од домати, додадете ја исечканата шунка, кашкавалот и ориганото. Наредете ги во плех покриен со хартија за печење.
Кифличките премачкајте ги со изматено јајце, а потоа наронете ги со сусам.
Загрејте ја рерната на 220 степени и печете околу половина час.