Превртен автомобил на автопатот Скопје-Тетово

|

Попладнево дошло до сообраќајна незгодна на патниот правец Скопје – Тетово, при што едно возило се превртело. поради лошите временски услови.

Возилото во моментов е се уште превртено на покривот после првата наплатна рампа кон Тетово.Повредени нема, а колку што може да се види, веројатно станува збор за автомобил со српски регистарски таблички.

Сообраќајот не е во прекин, туку се одвива непречено во една коловозна лента. Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.

Фото-Локално.мк